Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.
-Јас во замена за НАТО? Замената е можна. Реков дека сум подготвен да заминам, а за возврат стануваме членка на НАТО – ова го кажувам уште од почетокот на војната со Русија.
Ако влеземе во НАТО, тоа значи дека ја исполнив мојата мисија, рече Зеленски, јави Скај њуз. Тој предупреди дека нема да биде лесно да го заменат. -Не е доволно само да се одржат избори.
Мора да ме спречите да учествувам, а тоа ќе биде малку потешко, рече Зеленски.
Изјавата на Зеленски дојде откако неколку американски републиканци, вклучително и советникот за национална безбедност Мајк Волц, сенаторот Линдзи Грем и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, рекоа дека Зеленски треба да ја напушти функцијата, по неговото однесување во Овалната соба во петокот за време на вербалниот судир со Трамп.
Тие вчера го повикаа Зеленски да ја смени стратегијата или да поднесе оставка.
Ново на Сител
-
Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени