-->
-->
Зеленски: Најмалку три лица загинаа во руски напад врз украинскиот град Запорожје
-->
Најмалку три лица загинаа во руски напад врз украинскиот град Запорожје, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Локалните власти зборуваат за гранатирање на станбена зона.
„Три лица во моментов се прогласени за мртви“, напиша Зеленски на Телеграм, без да ја прецизира локацијата на нападот. Тој додаде дека спасувачките операции се во тек.
Според регионалниот гувернер Јуриј Малашко, била погодена црква и продавници во областа Шевченски во североисточниот дел на Запорожје.
„Непријателот напаѓа станбена зона“, рече Анатолиј Куртиев, кој го предводи општинскиот совет на Запорожје.
Градот се наоѓа на неколку километри од јужниот фронт и редовно е мета на руските напади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ