Зеленски по повод 100-тиот ден од руската инвазија: Победата ќе биде наша
„Победата ќе биде наша”, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во кратката видео порака објавена на Инстаграм, по повод 100-тиот ден од руската инвазија на неговата земја.
„Претставниците на државата се тука, бранејќи ја Украина веќе 100 дена”, рече тој во пораката од 36 секунди, стоејќи пред зградата на претседателската канцеларија во Киев, до премиерот Денис Шмигал и шефот на пратеничката група на владејачката украинска партија и еден од главните преговарачи со Русија, Давид Арахамија.
Видео пораката е објавена по повод 100-тиот ден од руската инвазија и потсетува на уште една порака што Зеленски ја сними на 25 февруари, ден откако руските сили ја нападнаа Украина, на истото место и со истите соработници, за да влеат доверба кај Украинците.
„Сите сме тука, нашите војници се тука, граѓаните, општеството, сите сме тука во одбрана на нашата независност, нашата држава”, рече тогаш Зеленски.
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
