Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од американскиот претседател, Доналд Трамп, да воведе санкции против руските и кинеските компании кои, според украинскиот лидер, учествуваат во развојот на руската нискоорбитална сателитска мрежа „Расвет“.
„Знаеме дека Кина работи на сателити, работи на можноста да ѝ помогне на Русија да изгради пандан на „Старлинк“. Ова ќе му овозможи на Кремљ да ја зголеми точноста на воздушните напади, со оглед на тоа што рускиот диктатор Владимир Путин ја интензивира својата воздушна кампања против Украина“, рече Зеленски, објави агенцијата Униан.
Кина, смета Зеленски, соработува со Русија за развој на оваа технологија, а „Расвет“ веројатно ќе почне да работи до крајот на оваа или почетокот на следната година.
Тој оцени дека руската мрежа може да ја загрози американската сателитска мрежа „Старлинк“ и дека затоа е неопходна реакцијата на САД.
Зеленски рече дека неколку пати побарал од Трамп неговата администрација да воведе санкции против вклучените организации.
Според него, системот „Расвет“ нема да биде толку ефикасен како „Старлинк“, но Русија може да почне да го користи за пренесување видео материјали до командни места како подобра алтернатива на Wi-Fi мостовите.
Тој истакна дека сателитската мрежа може да се користи за копнени, морски и јуришни дронови со среден дострел.
Зеленски, исто така, побара од Трамп украиснките вооружени сили да добијат дозвола за лансирање беспилотни летала опремени со системот „Старлинк“ на растојание до 200 километри длабоко на територијата на Русија со цел да се уништат местата за лансирање беспилотни летала.
Претходно, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов, изјави дека Украина нема покриеност со Старлинк и дека на земјата ѝ се потребни проширени капацитети.
„Очајно ни се потребни овие капацитети за да се одбраниме и да ги погодиме руските ракетни системи од кои се лансираат ракетите што го тероризираат цивилното население на Украина“, истакна Буданов.
МИА
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
