Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија.
– Ќе размениме една територија за друга, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан.
Тој не прецизираше кои украински територии би биле предмет на таква размена. – Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритет, додаде Зеленски.
Русија моментално окупира околу 20 отсто од територијата на Украина, особено во источните и јужните региони. Широката инвазија започна на 24 февруари 2022 година и трае речиси три години. Во август минатата година, Украина изведе неочекувана офанзива во западниот дел на руската Курска област, а и покрај руските контраофанзиви, сè уште контролира дел од освоената територија.
Според претставници на Киев, операцијата во Курск била со цел да ги заштити пограничните региони, а заземените територии би можеле да се користат како предност во евентуални мировни преговори.
Зеленски постојано нагласува дека секој мировен план мора да вклучува силни безбедносни гаранции од сојузниците, за да се спречи повторна руска агресија.
Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека оваа недела веројатно ќе се сретне со Зеленски за да разговараат за прекин на војната. Во неделата, пак, рече дека остварил контакт со рускиот претседател Владимир Путин, но не прецизираше кога. Кремљ не ја потврди, ниту ја демантираше оваа информација.
Ново на Сител
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски: Не се поместуваме ни милиметар ако не се помести и Софија
-

14 инспекции ќе казнуваат ако се пушат цигари на места каде е забрането – Законот стапува на сила летово
-

Од понеделник премиерот очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари, ДДВ-то се враќа на 18%
-

Оформени 45 предмети и изречени над 200.000 евра казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики
-

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
