Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да го прошири домашното одбранбено производство со помош од Западот, рече тој синоќа во своето секојдневно видео обраќање, пренесе ДПА.
Зеленски рече дека бара од меѓународните партнери кои немаат сопствени производствени капацитети да инвестираат во украинскиот одбранбен сектор, заеднички да произведуваат оружје и да го зајакнат фронтот.
Барањето доаѓа поради големата зависност на Украина од испораките на оружје од Запад и долгото чекање на Киев за нова американска помош поради политички спор.
Зеленски рече дека шестмесечното доцнење на испораките од САД предизвикало големи проблеми на фронтот и Киев се надева дека ќе ги реши на состанокот на Контакт групата за Украина закажан за денеска.
– Сега се донесени политичките одлуки, следниот чекор е да се разјасни оружјето и логистиката, рече Зеленски.
Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година и на Киев му треба воена помош од Западот, делумно затоа што може да произведе само ограничена количина на сопствено оружје, а исто така и затоа што Русија уништи големи делови од индустријата во земјата.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
