Зеленски: Русија ноќеска ја нападна Украина со 420 дронови и 39 ракети, повредени се десетици лица

Русија ноќеска гаѓаше критична инфраструктура во повеќе региони на Украина со 420 дронови и 39 ракети, вклучувајќи и 11 балистички ракети. Оштетени се многу приватни домови и станбени згради, а десетици лица се повредени, меѓу кои и деца, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој утрово на социјалните мрежи соопшти дека цел биле инсталации на гасната инфраструктура во областа Полтава, како и електрични потстаници во областите Киев и Дњепар.
Зеленски наведе дека итните служби работат во областите Чернихив, Запорожје, Харков, Кировоград, Виниција и Киевската област, како и во главниот град Киев.
- Мнозинството од ракетите се успешно пресретнати благодарение на тоа што нашите партнери брзо испратија дел од ракетите за противвоздушна одбрана договорени на неодамнешниот состанок во Рамштајн – изјави Зеленски, додавајќи дека, за жал, има и погодени места.
Тој укажа дека и понатаму е ладно и дека одбранбените ракети се потребни секој ден додека Русија настојува да го уништи украинскиот енергетски систем.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен насилник од скопско, физички ја нападнал малолетната ќерка
-

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника - уверува министерката Димитриеска-Кочоска
-

Алиу: На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците, а уште една се анализира
-

18 годишник по расправија со нож тешко повредил сограѓанин во Тетово
-

Во тешка сообраќајна несреќа загина возач кај Демирхисарско
-

Приведен разбојник од Куманово, осуден на казна затвор од пет години
-

Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето
-

Претрес во Неготино, пронајдена дрога
