Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија

Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната се повеќе ќе се чувствува на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Постојат целосно праведни одговори, на секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна се повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија“, нагласи Зеленски.
Тој им се заблагодари на вооружените сили на Украина и на Службата за безбедност на Украина, наведувајќи дека продолжува операцијата против руската нафтена индустрија, што, како што рече, е „многу чувствително за Русија“.
Зеленски додаде дека биле погодени руски противвоздушни ракетни системи и радарски станици, како и руска инфраструктура во Азовскиот и Црноморскиот регион.
Тој се осврна и на последиците од руските напади врз украинските градови и региони, меѓу кои Одеса, Харков, Павлоград, Херсон, Сумската и Житомирската област.
„Се уште траат работите во Одеса по рускиот напад. Имаше прекини на струјата и водата – сите служби се ангажирани за да се обнови снабдувањето. Утрово без струја во Одеса и областа беа повеќе од 300 илјади семејства, а сега една третина повторно е приклучена. Работите продолжуваат“, рече тој.
Зеленски им се заблагодари на екипите на Државната служба за вонредни ситуации на Украина и на сите ангажирани во обновувањето на уништената инфраструктура и нормализирање на состојбите во градот.
„Напади имаше и врз Харков и околината, во Павлоград, Херсон, Сумската област и нашата Житомирска област. Важно е насекаде да им биде обезбедена вистинска помош на луѓето“, рече украинскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
