Зеленски сака да се соберат средства за купување на флота од морски дронови
По нападот со украински поморски дронови против руската Црноморска флота во своето пристаниште во близина на Севастопол на полуостровот Крим, Украина сака да купи повеќе оружје од овој тип, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува ДПА.
Во своето синоќешно видео обраќање, Зеленски рече дека целта на овие дронови е јасна. – Сите веќе видоа како функционираат, додаде Зеленски.
Според украинските проценки, три руски воени бродови биле погодени минатата недела во нападот на Севастопол. Меѓу нив и новиот предводник „Адмирал Макаров”.
Руската војска призна само мала штета без да даде дополнителни детали.
По избувнувањето на војната, Украина ја создаде Интернет платформата United24, преку која веќе се донирани околу 220 милиони долари за купување оружје, соопшти Киев.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години