Зеленски се надева дека војната во Украина ќе заврши до Велигден следната година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека ќе има мир во Украина до Велигден следната година, обраќајќи им се на Украинците откако многумина во земјата го прославија Велигден по вторпат од почетокот на руската инвазија.
– Идната година Цветници нека помине во мир и слобода за целиот наш народ, рече украинскиот претседател во својата дневна видео порака.
Како и другите членови на украинското раководство, Зеленски им посака среќен Велигден на Украинците кои, како христијаните на Запад, го славеа воскресението на Исус.
Во Украина, се повеќе христијани сега ги слават празниците според грегоријанскиот календар, а не според стариот јулијански календар на Руската православна црква.
Традиционално, православните христијани во Украина ги славеа црковните празници на ист начин како и во соседна Русија. По целосната руска инвазија на Украина пред повеќе од една година, јавната дискусија за промена на црковниот календар стана посилна со цел уште повеќе да се разликуваат од Русија.
– Секој светол христијански празник не учи дека можеби не знаеме како, но мора да бидеме сигурни дека злото ќе изгуби, рече Зеленски.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ