Свет
6. July 2022 - 8:56

Зеленски: Сирените за воздушен напад се огласија во речиси цела Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека синоќа сирените за воздушен напад биле вклучени речиси низ цела Украина и повторно ги повика сојузниците да обезбедат модерни противракетни системи.

Тој наведе дека извесен период немало воздушна тревога во Киев некои региони.

– Некои луѓе дури се чувствуваа вознемирени поради таквата необична тишина, барајќи објаснување дали Русите се подготвуваа за нешто. Не треба да барате логика во акциите на терористите. Руската армија не застанува, има една задача, да одзема животи, да ги плаши луѓето, па и неколку дена без сирени изгледаат како хорор. Вечерва Киев и речиси цела Украина слушнаа сирени, посочи Зеленски.