Свет
26. February 2022 - 20:25

Зеленски: Турција забрани влез на руски воени бродови во Црно Море

Во објава на социјалната мрежа Твитер, украинскиот претседател Зеленски изрази благодарност до турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ за одлуката.

„Благодарен сум на мојот пријател, претседателот Ердоган, како и на турскиот народ за нивната силна поддршка. Забраната за преминување на руски воени бродови во Црното Море и значителната воена и хуманитарна помош се исклучително важни денес. Народот на Украина никогаш нема да го заборави тоа“, рече Зеленски.