Зеленски тврди дека преживеал пет или шест атентати
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската разузнавачка служба спречила најмалку пет или шест обиди за атентат врз него, што ги спореди со пандемијата на Ковид-19, пишува британски Сан.
-Прво, луѓето не знаат што да прават со тоа и изгледа многу страшно. А потоа, тоа се само разузнавачки податоци во кои ви даваат детали дека друга група дошла во Украина да го проба истото, додаде Зеленски.
На првиот ден од руската инвазија, руските специјалци со падобранци се спуштиле во Киев, наводно со намера да го убијат украинскиот претседател. Западните власти потоа понудија да го изнесат Зеленски од главниот град, што тој го одби, велејќи дека му треба муниција, а не транспорт.
Зеленски додаде дека Русија има нов план за негово соборување од власта и дека Москва очекува тој да биде спроведен до крајот на годината. Претседателот на Украина веќе кажа дека е запознаен со наводното име на операцијата -„Мајдан 3“ и дека е можно Москва овој пат да не планира атентат, туку потенцијално да употреби други методи.
-Не можам да разговарам со вас за специјалните операции на украинската разузнавачка служба или тајната служба или некои специјални сили. Има некои моменти за кои не разговараме. Не само во Русија, има работи за кои не разговараме во однос на нашите привремено окупирани територии, рече Зеленски, на прашањето дали и како Киев одговорил на обидите за атентат.
Ново на Сител
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
