-->
-->
Зеленски: Украина „де факто“ е членка на ЕУ
-->
Украина „де факто“ е членка на Европската Унија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, при денешното видеообраќање во Парламентот во Луксембург, јави германската новинска агенција ДПА.
– Јас верувам дека со своите постапки, Украина веќе покажува дека ги исполнува европските критериуми, додаде Зеленски.
Без да го спомне по име рускиот претседател, Владимир Путин, Зеленски побара да „се запре оваа индивидуа од уништување на европските вредности“.
– Доколку не успееме заедно да го запреме овој човек, тогаш овие часови се темни, темни часови, што ние веќе ги доживеавме во Втората светска војна, истакна украинскиот претседател.
Зеленски повика за понатамошни санкции на ЕУ против Русија и за испорака на „повеќе оружје, модерно оружје“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
