Зеленски: Украина ќе се врати во Донбас

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се врати во Донбас.
Во видео обраќањето, по повод Денот на градот Доњецк и Денот на рударите, кои се слават во Украина последниот викенд во август, Зеленски рече дека Украина не заборавила и нема да заборави ниту еден свој град и ниту еден свој човек.
„Доњецк отсекогаш бил еден од најбогатите и најмоќните градови во Украина“, рече Зеленски. Според него, Донбас сега е речиси уништен од руските напади. „Но, Украина ќе се врати. Задолжително. Ќе се врати достоинството на жителите на Донбас.
Тоа ќе биде симболизирано со нашето украинско знаме кога ќе го поставиме во Доњецк, Горловка, Мариупол, во сите градови на Донбас и регионот Приазов, во сите области под руска окупација: Харков, Запорожје, Керсон. И секако – на Крим. Украина памети се“, рече Зеленски.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
