Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оцени условите поставени од рускиот претседател Владимир Путин за да се согласи за прекин на огнот како „манипулација“.
Путин не се осмелува отворено да му каже на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја продолжи војната, рече Зеленски во вечерната видео порака.
„И затоа во Москва ја поврзуваат идејата за прекин на огнот со такви услови што ништо не може да излезе од тоа воопшто или ништо не може да се постигне што е можно подолго“, тврди Зеленски.
Украинскиот лидер рече дека тоа е трик на Путин, кој – тврди Зеленски – ќе стори сé за да го одложи или спречи неговото практично спроведување наместо да каже јасно „не“.
На прес-конференција Путин постави услови Москва да се согласи на прекин на огнот во војната во Украина и изрази сомневање дека таков прекин на огнот може да се следи.
Зеленски, од друга страна, ја повтори подготвеноста на Украина привремено да ги прекине борбите.
Киев го прифати предлогот за прекин на огнот бидејќи САД изразија подготвеност да го надгледуваат. Со можностите на Соединетите Држави, ова беше реална можност, тврди Зеленски.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија