Зеленски вторпат во два дена разговараше телефонски со Трамп

Зеленски вторпат во два дена разговараше телефонски со Трамп. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседател на САД, Доналд Трамп разговарале вчера, а денеска повторно оствариле контакт, откако украинскиот претседател претходно имал телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.
Според соопштението на Киев, двајцата лидери разговарале за зајакнување на противвоздушната одбрана и за зголемување на капацитети на Украина со голем дострел.
„Разговаравме и за повеќе детали поврзани со енергетскиот сектор. Претседателот Трамп е добро информиран за сè што се случува. Се договоривме да го продолжиме нашиот дијалог, а нашите тимови веќе ја прават потребната подготовка“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.
Вчера украинскиот лидер го повика Трамп да посредува за постигнување мир во Украина по примерот на спогодбата за прекин на огнот во Газа.
„Ако една војна може да запре во еден регион, тогаш и другите војни може сигурно да бидат запрени, вклучително и оваа што ја води Русија“, му рекол Зеленски на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
