Зеленски за руските напади врз украинските енергетски постројки: Потребна е решителна акција од сојузниците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да одговорат со конкретни мерки на масовниот руски напад врз украинската енергетска инфраструктура.
-Не се потребни празни зборови, туку решителна акција – од страна на Соединетите Американски Држави, Европа и Г7 – преку испорака на системи за противвоздушна одбрана и спроведување на санкции, се наведува во соопштението на Зеленски објавено на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Русија лансирала повеќе од 450 дронови и над 30 ракети во нападот кој предизвика прекин на електричната енергија во источниот дел на Киев.
Министерството за енергетика на Украина соопшти дека низ целата земја „Русите изведуваат масовни удари врз украинската енергетска инфраструктура“.
Според украинските власти, седумгодишно дете загинало, а три лица се повредени во руските напади во областа Запорожје во централна Украина, додека девет лица се повредени во Киев.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
