Земан: Бегалците можат да донесат болести, тероризам и гета

Приемот на бегалци од Блискиот Исток и од Северна Африка на територијата на Чешка Република носи со себе три големи ризици - ширење на заразни болести, тероризам на Исламска држава и создавање на нови гета, изјави чешкиот претседател Милош Земан.
Тој предупреди дека со бегалците во Чешка можат да влезат келии на ИД, нивните „агенти спијачи“ кои подоцна би можеле да се активираат и да извршат напади како тие во Париз, во Лондон или во Мадрид.
Земан наведе дека поголемиот број бегалци се „економски мигранти“, а не тие кои навистина бегаат од војната, оценувајќи дека тие во Чешка не сакаат да работат, а во земјата ќе внесат заразни болести и ќе предизвикаат создавања на гета.
- Тие поради културните разлики нема да можат да се прилагодат, посочи Земан.
Чешкиот претседател мигрантите ги подели во три категории - едната ја сочиннуваат околу 15.000 луѓе кои чешката Влада се согласи да ги прифати во следните две години, додека другите во земјата претстојуваат нелегално и тие треба да се вратат бидејќи ги кршат чешките закони, а не да се градат прифатни центри.
Земан истакна и дека кога Германија ќе престане да ги прифаќа мигрантите тогаш тие ќе останат во Чешка, која сама ќе мора да ги брани границите ангажирајќи ја и војската покрај полицијата, ако се покаже дека не функционира европската заштита.
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
