Земан го поддржа протерувањето на руските дипломати од Прага
Претседателот на Чешка, Милош Земан денеска го поддржа протерувањето на 18 руски дипломати од Прага.
– Изразив целосна поддршка. Не ги сакам разузнавачите, нанесуваат повеќе штета отколку корист. Не разбирам зошто во Амбасадата на Русија да има голем број разузнавачи кога ни се потребни експерти за економска, културна и друга соработка, изјави Земан во интервју за чешката приватна телевизија Прима.
Тој додаде дека не ги оспорува доказите на чешката полиција и на Безбедносно информативните служби и побара „мирно, без хистерии и шпекулации да се почека крајот на истрагата за експлозиите во Врбјетице“ и дали агентите за кои постојат веродостојни докази дека биле во Чешка за време на првата експлозија и биле во посета на Врбјетице и дали навистина влегле во магацините.
Земан наведе дека по истрагата Владата треба да донесе одлука дали и како Русија да биде казнета.
Чешката опозиција остро го критикуваше денешното обраќање на претседателот Земан и го обвини за помагање на руската пропаганда и за кампањата на дезинформација.
– Доказите се доставени до Парламентот и до нашите партнери во Европска Унија и НАТО. Како и да е, нашиот претседател зборува за хипотези и го оспорува кредибилитетот на безбедносните служби на неговата земја. Верувам дека чешката Влада ќе спроведе сигурна политика и покрај овој говор на претседател, кој се обидува да ги релативизира работите, изјави лидерот на Пиратската партија, Иван Бартош.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог
-
Пукале петарди и палеле жижици: Тројца малолетници го предизвикале големиот пожар кај Расадник
-
Критично кај Мариово
-
Премиерот објавува намалени цени во дел од книжарниците, граѓаните се жалат дека нема намалување
-
Реформа во образованието: Децата ќе остануваат подолго во училиште, ќе имаат многу спорт, интерактивна настава...
-
Потврден случај на морбили кај 12 годишно дете од Петровец – заразата е увезена од Србија
-
Нова серија обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – имаат ли некаков ефект?
-
Прием за Денот на независноста