-->
-->
Земан ќе ја посети Македонија во јуни
-->
Чешкиот претседател Милош Земан во почетокот на јуни, ќе ја посети Македонија, информираше портпаролот Јиржи Овчачек соопштувајќи ја годинашната агенда на шефот на чешката држава.
Патувањето во Скопје, како што јави дописникот на МИА од Прага, ќе биде меѓу 8 и 10 јуни и една од главните теми при посетата ќе биде миграциската криза.
- Преку македонската граница со Грција во изминатиот период поминаа илјадници бегалци. Според тоа, може да се претпостави дека ќе се дискутира за миграциското прашање при заедничките средби во Македонија, рече Овчачек.
Инаку Земан е против доаѓањето на муслиманските емигранти во Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?