Земан: Повеќето од бегалците не заслужуваат сочувство, децата само ги искористуваат

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека поголемиот дел од бегалците не заслужуваат симпатии, бидејќи според него, тие обично се млади, здрави и добро материјално обезбедени мажи, а децата ги користат само како штит.
Во интервју за порталот ,,Блеск.тв", Земан рече дека не е против предлогот на неговиот претходник Вацлав Клаус, да се одржи референдум за квотите за распоредување на бегалците, за што се залагаат повеќето земји на Европската унија и покрај отпорот на Чешка.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Земан рече дека и тој сочувствува при погледот на децата на бегалците кои доаѓаат во Европа, но прашање е, зошто нивните родители ,,ги влечат" со себе и ги ставаат на ризик да го изгубат животот.
За повеќето бегалци, Земан тврди дека се мажи со ,,ајпади" и ,,ајфони", кои во џебовите имаат илјада евра или долари. Тој, смета дека со својот став само предупредува пред реалната опасност, пред која политичарите затвораат очи.
- Луѓето едноставно бегаат пред војна, се трудат да ги заштитат своите деца, семејството, голиот живот, реагираше премиерот Бохуслав Соботка, кој смета дека не е можно да постои сомнеж во мотивите на бегалците.
Ново на Сител
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
