Земјоделците од кумановско аплицираат за мерките од ИПАРД 2 програмата
Земјоделците од поширокиот кумановски регион се заинтересирани за користење на мерките од ИПАРД 2 програмата, информираат од подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјодлеството.
Досега, од почетокот на рокот од 24 април, годинава аплицирале околу 20 земјоделци. Џабир Рамадани од подрачната канцеларија на Агенцијата информира дека земјоделците доаѓаат и се информираат, а потоа се одлучуваат да аплицираат.
-Според праксата од изминативе години, земјоделците од регионот, најмногу аплицираат кон средината и пред крајот на завршување на огласот, вели Рамадани и апелираше дека не треба да се чекаат последните денови за апликација.
Финансиските средства од ИПАРД програмата 2014-2020 се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.
За користење финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој од ЕУ можат да аплицираат земјоделците или земјоделски стопанства кои се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Крајниот рок за поднесување на барањата е до 23 јуни годинава.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи