Македонија
22. December 2017 - 19:54

Земјотрес го стресе Скопје

Мал земјотрес со интензитет од 2,6 степени според Рихтеровата скала околу 18:30 часот се почуствува во главниот град.

Според информациите на специјализираните интернет страници епицентарот на земјотресот е 12 киломентри од Скопје во близина на приградската населба Идризово.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од пет километри.