Земјотрес од 7 по Рихтер во Јапонија, предупредуавње за можно цунами
Силен земјотрес ја погоди Јапонија денеска, со интензитет од 7,0 степени, а потоа беше издадено предупредуање за можно цунами на североисточниот брег на државата.
Геолошкиот институт на САД (USGS) прво ја процени јачината на земјотресот на 7,2 степени, но подоцна ја ревидираше на 7,0 степени.
Засега нема извештаи за штети во земјотресот што се почувствува во главниот град Токио.
Земјотресот се случи нешто по 18.10 часот по локално време (10.10 часот по средноевропско време).
Епицентарот на земјотресот бил на 27 километри источно од Ишиномаки на длабочина од 60 километри. Тоа е крај брегот на префектурата Мијаги, на североисток, која беше сериозно оштетена во големиот земјотрес и цунамито од 2011 година.
Според јапонската Агенција за метеорологија, земјотресот предизвикал бранови високи околу еден метар.
Досега не е пријавена штета во префектурата Мијаги, а електричните компании ја проценуваат состојбата на нуклеарните централи во таа област, пренесуваат јапонските медиуми.
Ново на Сител
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени