Балкан
15. August 2024 - 8:35

Земјотрес во Косово

Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Приштина.

Како што е објавено на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот се случил во 7.30 часот.

Земјотресот бил на длабочина од осум километри. Епицентарот бил во селото Брезница.