Македонија
19. September 2015 - 12:40

Згасна детски живот на „Илинденска“

Тринаесет годишно момче од Скопје загина вчеравечер по удар од автомобил на крстосницата од булевар „Илинден“ и ул. „Наум Наумовски Борче“. 

МВР денеска соопшти дека синоќа во 18:30 часот  М.Л.(47) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 13 годишниот велосипедист.

На момчето му е укажана медицинска помош во Ургентниот центар Скопје, каде во 19:35 часот им подлегнало на повредите.

По наредба на Јавното обвинителство, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР-Скопје.