-->
-->
Зголемен бројот на кривични дела во Куманово
-->

Безбедносната состојба на територијата на градот Куманово е стабилна, нема нарушувања на јавниот ред и мир во поголем обем, а во однос на криминалитетот има благо зголемување од 4,3 проценти, информираше на денешната седница на Советот на општина Куманово, командирот на полициската станица од општа надлежност, Игор Митевски.
- Годинава имаме пријавено 708, за разлика од минатата, кога имало 679 кривични дела.Реализацијата е зголемена, реализирани се 67,5,а лани 61,4 отсто. Со ова се подразбира дека бројот на кривични пријави е зголемен за 11 проценти, рече Митевски, презентирајќи ја информацијата за преземени мерки и активности на полициската станица за првото полугодие од тековната година.
Најголем дел, според информациите, биле кривични дела од класичниот криминалитет, имотни деликти, кражби и тешки кражби.
- За одбележување е активноста на отсекот за економски криминалитет каде што по преземени обемни и интензивни активности, вкупно се откриени 87 кривични дела за разлика од истиот период, лани кога се откриени 36 кривични дела, објасни Митевски.
Најголемиот дел од нив, посочи се однесуваат на злоупотреба на службена положба, фалсификување службена исправа, несовесно работење во службата, оттуѓување на туѓи права, бесправно градење...
Нарушувањето на јавниот ред и мир,додаде бележи пораст за 10 проценти, во однос на пријавените, најголем дел физички напади и тепачки, што во дури 97 проценти се реализирани од полициската станица Куманово.
- За одбележување е зголемувањето на сообраќајните незгоди на територија на општина Куманово и тоа за 21,1 процент. Најголем дел од сообраќајните несреќи се случиле поради четири причини- непочитување на првенство на минување од учесниците во сообраќајот, недржење страна и правец на движење, брзо возење и управување под дејство на алкохол.
Како последица на ова СВР Куманово, презеде опсежни акциски контроли како на републичко така и на локално ниво, со репресивни дејства кон учесниците во сообраќајот за непочитување на овие законски одредби, додаде Митевски.
Отсекот за превенција во првите шест месеци ги реализираше проектите „Безбедност во училиштата“,„Соседски патроли“ од кои произлегува, како што нагласи, соработка и комуникација со граѓаните и се дејствува кон намалување на криминалитетот и нарушувањето на јавниот ред и мир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
