Зголемен обем на работа во летниот период на ЈП „Чистота и Зеленило“ во Куманово
Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ во летните месеци бележи зголемен обем на работа во однос на зимскиот период, за приближно 20 проценти, информираше денеска директорот на претпријатието, Сашо Петрушевски.
Обемот на работатa, според проценките на надлежните се должи, пред се поради зголемениот број на домаќинства, особено во првата зона од градот, поради делумното враќањето на печалбарите во летните месеци како и поради засилената флуктација на населението во градот.
- Фрекенцијата е зголемена, особено во првата зона, каде што неколкукратно ги чистиме контејнерите, но постојано се ангажираат екипи кои го собираат сметот. Апелирам до граѓаните во летниот период, на вакви високи температури да обрнат посебно внимание како и каде го фрлаат сметот, изјави Петрушевски.
Во првата и втората смена, појасни, ангажирани се по 12 камиoни за депонирање и изнесување на смет, а во третата еден. Воедно, ангажирана е дополнителна механизација која е наменета за собирање на смет од тесните улици од градот.
На подрачјето на Куманово има поставено околу 900 контејнери од кои 100 се набавени преку различни донации.
Екипите на „Чистота и Зеленило“ Куманово, информираше Петрушевски во ноќните часови ги чистат улиците во градот. Улиците и булеварите од централното градско подрачје, нагласи се чистат согласно динамичниот план, но сепак акцент се става на главните сообраќајници од источната и западната страна на градот.
- Со старата цистерна која ја поседуваме ги полеваме зелено-цветните површини, каде што нема водоснабдување, како што се жардињерите и острвцата меѓу сообраќајниците, изјави Петрушевски.
Ново на Сител
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово