Зголемен сообраќајот на автопатиштата поради летните одмори

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Изменет режим на сообраќај поради поставување канделабри има на делница Хиподром - Кадино, каде левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од три месеци.
На патниот правец Неготино - Демир Капија, на делот од Неготино до местото викано Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од четири километри. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
