-->
-->
Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-->

Во четвртото тримесечје од 2025 година вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 110.839 кубни метри и во споредба со истото тримесечје од 2024 година е зголемено за 16,3 отсто, информира Државниот завод за статистика.
Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 107.718 кубни метри и бележи зголемување од 11,9 проценти.
Најголем пораст на производството и продажбата е забележан кај рудничкото дрво, исто така и кај огревното дрво, кое има најголемо учество во вкупното зголемување.
Намалување на шумското производство е забележано кај другото обло дрво, како и кај просторното.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
