Зголемени субвенции за развој на туризмот

Повеќе туристи и развој на туристичкиот сектор треба да овозможат зголемените субвенции за развиените земји што државата ги дава за привлекување странски туристи.
Со мерката, што стапи во сила на 1-ви овој месец, за гостите кои ќе доаѓаат со чартер лет од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Франција и Шпанија субвенциите се зголемуваат од 25 на 65 евра по лице. За туристите од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија, пак, зголемувањето е од 25 на 35 евра, а подоцна ќе достигнат до 45 евра поединечно.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека е изработен Правилникот врз основа на кој ќе се врши распределбата на субвенциите и оти туристичките агенции можат да пристапат кон склучување договори со евентуални партнери од државите за кои важи зголемувањето на субвенциите.
Согласно анализите на Владата, со растот на субвенциите ќе се создадат сериозни услови да се обезбедат што повеќе туристи од овие земји, што би имало позитивно влијание во трендот на постојан раст на туристичкиот сектор. Имајќи предвид дека странските туристи придонесуваат за зголем девизен прилив сметаат дека овој потег би бил добар како за домашните туристички агенции со зголемување на нивниот профит, така и за општиот економски раст на Македонија.
Според статистичките податоци, бројот на странски туристи во последните осум години е зголемен за 100 проценти. Последните статистички податоци покажуваат дека најголем број од туристите од странство го посетуваат Скопје, по што следуваат туристичките места на природните и вештачки езера, планинските места, бањите....
Во октомври годинава во Македонија најбројни биле туристите од Турција, Грција и Србија, а најпосетено место било Скопје. Од Турција имало 5.938 туристи, од Гриција 4.824, а Србија 3.199. Во главниот град во октомври имало 21.477 туристи, со 42.851 ноќевање.
Вкупно во октомври бројот на странските туристи е зголемен за 1,8 отсто, а на ноќевањата за 3,5 отсто. Во периодот јануари-октомври 2015 година, споредено со истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,7 осто, а кај странските има зголемување за 14 отсто. Во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на истиот период лани бројот на ноќевањата е зголемен за 8,4 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,6 отсто, а кај странските за 12,5 отсто.
Ново на Сител
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
-

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем
