Железници Транспорт пушти во сообраќај три нови електролокомотиви
Железници на РМ Транспорт пушти во сообраќај три нови електролокомотиви во вредност од 6.414.000 евра, набавени од кинески ЦРРЦ. Со испораката целосно се реализира Договорот за набавка на четири електролокомотиви од кинеската компанија, во вкупна вредност од 8.678.600 евра.
Од Железници Транспорт велат дека со пристигнувањето на новите електро локомотиви, се заокружува Проектот за ревитализација на возниот парк и оти тоа претставува големо задоволство за нив имајќи предвид дека последните локомотиви кои се купени датираат пред 45 години, во далечната 1975 година.
– Освен што ќе го зајакнат транспортниот капацитет на железницата и значително ќе ги намалат трошоците за одржување ќе дадат голем придонес и кон домашната економија и зачувување на животната средина, изјави директорот на Железници на РМ Транспорт Орхан Муртезани.
Како што потенцираат од Железници на РМ, електро локомотивите се изработени согласно со најстрогите европски директиви, критериуми и стандарди и ќе овозможат поквалитетен, побрз и побезбеден железнички превоз на пругите на територијата на нашата држава.
Ново на Сител
-
Минчев: Да не се брза со Закон за правична застапеност, потребно е трајно решение
-
Коалицијата Вреди веќе има подготвено Закон за правична застапеност, се чека договор
-
Средба Тошковски - Дачиќ во Куманово
-
Министерката за финансии очекува до крајот на годината фирмите да можат да аплицираат
-
Се одбележува светскиот Ден за подигнување на свеста за менталното здравје
-
Депонијата Буково ја загадува околината
-
Преглед на вести од светот
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинување на балансерот