Жена која останала неподвижна поради лекарска грешка, земала отштета од 740.000 евра
На жената која по рутинска операција останала неподвижна судот во Љубљана и доделил отштета од 740.000 евра, што досега е најголема отштета на љубљанскиот Универзитетски клинички центар, јавиле словенечките медиуми.
Пациентката во 2002 година, кога имала 38 години, по операцијата останала парализирана. Пред судот не успеала да докаже дека инвалидноста е последица на лекарската грешка до која дошло при спинална анестезија, како што тврдела во тужбата, ниту поради нестручната постапка при зафатот.
Судот утврдил дека болницата е одговорна за последиците, бидејќи лекарите воочи операцијата не ја предупредиле дека спиналната анестезија може да предизвика одземеност, пишува љубљанско „Дело".
Нејзе и била доделена отштета по 15 години и 11 различни судски одлуки.
Дел од високата отштета, која делумно ќе ја покрие осигурувањето, веќе е исплатен.
Против најголемата медицинска установа во Словенија од 2005. до 2014 година се поднесени 89 тужбeни барања од таков вид, пишува љубљанско „Дело".
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим утре во општина Илинден поради велосипедска трка
-
Прва седница на грчката Влада по реконструкцијата, Мицотакис ги претстави главните приоритети
-
Запленетото оружје во Северна Митровица се поврзува со минатогодишниот напад во Бањска
-
Приведен гостиварец осомничен за „тешка кражба“ од куќа во изградба
-
Ли допатува во Австралија
-
Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа
-
Претрес на дом во Велес: Малолетник осомничен за кражби
-
Богданчанец осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка