Македонија
30. September 2024 - 16:59

Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра

На 27 септември, дваесет и петгодишна жена од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, таа и нејзината малолетна сестра биле физички нападнати од нејзиниот поранешен партнер А.Ф.(34) од Скопје.

Притоа, мажот искршил и дел од покуќнината.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.