-->
-->
Жена од Гостивар починала во Струга
-->
Седумдесет и пет годишна жена од Гостивар со престој во Струга била однесена почината во Медицинскиот центар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 19 часот и 6 минути во полициската станица Струга било пријавено дека во Медицинскиот центар била однесена почината Д.И. (75) од Гостивар.
Жената, како што е појаснето, престојувала во приватен сместувачки капацитет во Струга.
- Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, стои во соопштението на СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
-
Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп