Жена се убила поради идната снаа: Избраничката на нејзиниот син имала само еден недостаток
Минатиот четврток во кинеската покраина Хенан, пронајдено е тело на 47 годишна жена.
Додека го извлекувале нејзиното тело во реката од очај скокнал и нејзиниот сопруг, а после нив и нивниот син, но двајцата се извлечени на сигурно.
Властите велат дека станува збор за самоубиство, но демантирале дека мотивите за самоубиството се неразумните барања на идната снаа.
Меѓутоа порано навеле дека несреќната госпоѓа Лин си го одземала животот затоа не можела да ги трпи неверојатните барања на својата идна снаа.
Како што се пишуваше, таа од родителите на својот иден сопруг да и купат нов автомобил, но тие тоа не можеле да си го дозволат.
Но, до пресврт доаѓа откако властите во округот Нинглинг во покраината Хенан, објавиле дека несреќната госпоѓа се убила затоа што не била задоволна со висината на избраничката на својот син.
- Почината госпоѓа Лин имала несогласувања со својот син поврзано со неговата вереница. Не и се допаѓала, тврдела дека е прениска. Се заканувала дека ќе се убие, стои во соопштението на полицијата.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје