Жена седеше на работ на мост и сакаше да се фрли: Еве како се прикрадоа полицајците и и го спасија животот
Полицијата објави снимка од жена од Хјустон која седела на работ на мост со намера да се самоубие. мостот е висок 55 метри и е познат по бројните самоубиства.
Се се случило на 25 мај, но полицијата дури сега ги објави снимките. Се гледа како полицањецот полека и приоѓа на жената и и се обраќа.
-Госпоѓо, дојдете да разговарате со мене, не сте во неволја, и рече додека и се приближуваше.
Се чини дека тоа било доволно да и го сврти вниманието, па другите двајца полицајци буквално се фрлија врз неа и ја одвлекоа од мостот.
Полицаецот Бени Болс рече дека ова не е прв ваков случај, но ако затекнат лице на мостот знаат дека секогаш има надеж да го спасат.
-Ова не е првпат да добиеме повик. Ако лицете се уште не скокнало, имаме големи шанси за успех на акцијата за спасување, рече Болс.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка