Македонија
20. February 2017 - 14:12

Жители на Зрновци се жалат на зачестена појава на кучиња

Жителите на општина Зрновци последниве недели реагираат на зачестена појава на кучиња во општината што им создава проблеми при движењето посебно во доцните вечерни часови. Тие деновиве се обратија со петиција до градоначалникот Балеж Станков, барајќи излез од наметнатата состојба со кучињата во нивната општина.

Градоначалникот Станков на денешната средба со новинарите информираше дека од направениот увид на лице место, е констатирано дека не се работи за кучиња скитници туку за дваесетина кучиња кои имаат свои сопственици и оти тие биле пушетни слободно да се движат низ населбата.

Општината се обратила до сопствениците на кучињата за тие да си ги приберат кучињата и да ги врзат и соодветно да ги згрижат.

- Сметам дека ваквото укажување ќе вроди плод и сопствениците ќе си ги згрижат своите домашни миленици, во спротивно ќе бидеме принудени да преземеме мерки за нивно заловување и сместување во стационал за кучиња, рече Станков.