Жителите на Кочани имаа можност да придонесат во креирањето на буџетот на општината за 2017

Во рамки на партиципативното планирање на буџетот на општина Кочани за 2017 година, на петте форумски сесии, граѓаните имаа можност со своето партиципативно учество да придонесат во неговото креирање преку давање предлози - решенија, за тоа што
тие сметаат дека е најпотребно и најприоритетно за локалната заедница и го предлагаат да се реалиизра идната година.
На петтата и последна форумска сесија беа претставени триесетте избрани форумски приоритети – проекти, кои форумот ги предложи до општината да станат составен дел на буџетот и програмите за идната година.
Проектот за изградба на кружен тек на дуплиот мост беше избран за најприоритетен проект од страна на учесниците на 5-тата форумска сесија од буџетскиот форум што се спроведе во Кочани.
Овој проект доби најголема поддршка од граѓаните во процесот на приоретизирање на вкупно 30 проекти, кои претходно беа претселектирани од страна на Работната група на форумот.
Од вкупно 14 селектирани буџетски програми, пак, најголема поддршка доби програмата за образование на општина Кочани за 2017 година.
Секретарот на општина Кочани, Петар Апостолов им се заблагодари на граѓаните за нивното активно учество во буџетскиот форумски процес и за придонесот во креирањето на општинскиот буџет за 2017 година. Тој вети дека општината ќе направи напори да ги реализира најприоритетните 30 проекти произлезени од буџетскиот форумски процес, како и останатите приоритетни предлози – проекти произлезени од форумот а кои не влегоа во 30 приоретизирани проекти, и кои како препораки во име на општината ги прими од страна на граѓаните на форумот.
Работна група на проектот ќе го следи спроведувањето на приоритетните програми и проекти на буџетскиот форум, а на шестата форумска сесија, која треба да се одржи во февруари 2017 година, општината треба да даде отчет за реализираните форумски одлуки.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
