Животен хороскоп за родените во знакот Лав

Лавовите се личности кои се родени во периодот од 23 јули до 23 август. Ова е нивниот животен хороскоп.
Лавот е изразено машки огнен знак под влијание на Сонцето кој сака да биде авторитативен и секогаш прилично доминантен. Тој не дозволува никаков приговор, па за сите нешта што ги прави, сметка дека се направени без грешка. Многу е совестен, но понекогаш и злобен. Неговата потреба за истакнување понекогаш го прави да се однесува дури и како тиранин.
Лавовите се однесуваат многу наклонето кон своите познаници и пријатели, но секогаш се обидуваат да им покажат дека се над нив и дека тие ја носат позитивната енергија во друштвото. Тие се полни со волја и енергија и многу амбиции. Не отстапуваат од своите идеи, но тие секогаш им носат среќа и добри позиции во животот. Сакаат големи забави и церемониии и сакаат секогаш да ги претставуваат своите успеси пред другите. Многу бараат од животот и мислат дека тоа е природно.
Многу се мудри, морални и постојани во своите ставови. Имаат огромна одговорност за своето семејство и уживаат кога тие им се обраќаат за совет или помош. Понекогаш се конзервативни и со старомоден вкус.
Лавовите околи себе сакаат многу комфор, а ако не се во можност да го остварат тоа, ќе се потрудат да создадат лажна слика и да уживаат во тоа. ги презираат сите примитивни луѓе и не сакаат спонтаност, туку сакаат планови и организација. Тие се луѓе кои се многу спектакуларни каде и да се појават, но тешко се приспособуваат на ситуација каде има некој кој се обидува да биде еднакво силен како нив. нивните најголеми квалитети се племенитоста, љубезноста, но и достоинството, а често најголемите маани им се однесуваат на преправањето, дрскоста и претераната желба за големина.
На луѓето родени во овој знак во текот на животот им се нудат многу можности за успех на професионално поле. Притоа, во текот на животот се окружени со разни луѓе. Покрај оние кои им се лојални и предадени, често околу нив имаат и луѓе кои сакаат само да ги искористат, но Лавовите многу доцна го сфаќаат тоа. Ова е еден од знаците кои најчесто може да биде искористен, и иако веднаш сакаат да се одмаздат, сепак ваквите ситуации оставаат голема дамка на нивното его.
Својот напредок во кариерата го должат на способноста и силните вештини кои ги поседуваат. Знаат одлично да менаџираат со луѓе, но многу често нивното однесување е надмено и заповедничко. Сепак, имаат огромна способност да ги разберат туѓите проблеми, а и одлично работат со млади луѓе. Затоа, најдобрата работа за нив е на полето на невладините организации и младите, војска, право, па и театар.
Среќни броеви им се : 1, 2 и 9. Среќни денови: сабота и вторник.
Ново на Сител
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
