Животна драма на штипјанец - Гладен, жеден и болен 10 години живеел во шума
И гладен и жеден 60-годишниот Тоше Лазаров од Штип, 10 години живеел во шума блиску до градот. Лошото Лазаров го удрило одненадеж и од сите страни. Прво починала жената, потоа фирмата каде работел пропаднала, а кога добил мозочен удар, од него се откажале и синиовите. Поради ова, наместо дома, по излегување од Скопска неврологија тој завршил во напуштена вила близу Штип. Оттогаш досега, цели 10 години главата му е наведната, очите полни солзи, а стомакот празен.
- Една деценија сум вака, без струја, без вода, без ништо. Некогаш по цела недела не сум јадел леб - кажа за ТВ Стар низ солзи Лазаров.
Она што Лазаров го преживеал овие 10 години го знаат малкумина:
- Целиот е рани. Неколкупати го напаѓаа животни. Кога можев му помагав, му носев храна - рече Орце Николовски, пријател на Лазаров.
Од денес, за Лазаров почнувата подобри денови. Со интревенција на Црвениот крст и Општината, тој е сместен во соба во комплексот Света Недела:
- Му донесовме храна, лекарска помош, а ќе посредуваме и за негово натамошно лекување - рече Никола Камчев, Црвен Крст – Штип.
Наскоро Лазаров ќе добие и социјална заштита:
- Ги добивме податоците и истиот ќе биде внесен во системот на социјална заштита - вели Наталија Панова, директор на Центарот за Социјални работи – Штип.
Ова донекаде ќе ја ублажи физичката траума на Лазаров, но трагите на душата веројатно ќе болам цел живот. Отфрленоста и животот во дивина се нешто што тешко се преболува.Во комплексот Света Недела има десетина жители каде општината помага со храна и со плажање на сметките за струја и вода. Тенденција на општината и градоначалникот Илчо Захариев е комплетно да се уреди манастирскиот комплекс за да се обезеди повеќе место и за други луѓе кои имаат потреба од кров на глава, наведува „Старплус" на ТВ Стар.
Ново на Сител
-
МВР со ВИДЕО од акцијата во која се запленети над 500.000 евра
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“