Жота: Реал ќе биде сериозен тест за Ливерпул
Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота ги сподели своите очекувања за натпреварот против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
– Овој натпревар ќе биде сериозен тест, мора да бидеме подготвени за ова. Противникот игра на таков начин што треба многу да трчате и да се борите. Реал Мадрид го држи рекордот за најмногу трофеи во Лигата на шампионите. Тие се навикнати на плејоф натпревари и ќе треба да го покажеме нашиот најдобар фудбал.
Како ќе игра Реал е многу важно. Јасно е дека нашиот тренер најверојатно ќе ја погоди тактиката на противникот, но никогаш не можете да бидете целосно сигурни. Потребно е правилно да се подготвиме да се знаат нивните комбинации. Она што треба да направите е да ја покажете вашата најдобра игра и да разберете како Реал Мадрид ќе игра со тројца или четворица дефанзивци, нагласи Жота.
Натпреварот Реал – Ливерпул се игра вечер во Мадрид со почеток во 21 часот.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
