Жртва на силување најде лек за депресијата: Волци ми го спасија животот
Дваесет и осумгодишната Сара Варли од Калифорнија пред девет години била жртва на силување, што и причинило посттрауматски стрес (ПТСД) и анорексија.
Несреќната девојка долго време страдала од синдромот. Но, како што самата вели, ја спасило тоа што осум часа дневно поминувала во засолништето за глутница од волци и кучиња, кое се наоѓа близу куќата на нејзини роднини.
- Не знам дали би била овде да не беа волците. Со текот на времето се обидував да ја намалам болката, а тоа може да го правите се додека нешто не се случи. Се плашев од се, но еден ден се најдов меѓу волци и мојот мозок конечно замолкна. Кога сте во близина на грабливци кои можат да ве повредат, вашиот мозок просто се сосредоточува на тоа. Наместо милион лажни закани, во тој момент имав реална, на којашто морам вистински да се фокусирам. Кога почнав да поминувам повеќе време со нив, конечно научив да бидам посвесна во моментите кога сум уплашена, објаснува Сара.
Волците секогаш не предупредуваат кога некој наш потег не им се допаѓа. Тоа искуство ја научило девојката да разликува реален, рационален страв од параноја, што е еден прилично голем чекор за една повредена и кревка личност.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно и постудено, до 14 степени