Зигмар Габриел одби да биде кандидат на социјалдемократите за канцелар на Германија
Лидерот на германските социјалдемократи, вицеканцелар и министер за економија, Зигмар Габриел, денеска се откажа од борбата за функцијата германски канцелар против лидерката на демохристијаните Ангела Меркел, пренесоа светските агенции.
Тој за оваа функција во изборниот натправар го предложи досегашниот претседател на Европскиот Парламент, социјалдемократот Мартин Шулц.
- Доколку се кандидирам за канцелар нема да успеам и нема да успее ниту Германската социјалдемократска партија, рече Габриел за германското списание „Штерн".
Според него, Шулц има многу подобри шанси во битката за канцеларската функција.
Габриел, освен тоа, предлага во рацете на Шулц да премине и лидерската функција во ГСДП.
На девет месеци пред федералните парламентарни избори во Германија социјалдемократите се со рекордно низок рејтинг. Тие имаат рејтинг од едвај 20 проценти. За споредба, демохристијаните на Меркел имаат доверба од 38 отсто од избирачите.
Досега се тврдеше дека Габриел ќе биде кандидат на социјалдемократите за канцелар, а Мартин Шулц ќе биде новиот германски министер за надворешни работи, откако досегашниот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмаер следниот месец ќе треба да стане нов претседател на Германија.
Непосредно откако Габриел се откажа од битката за канцелар, шефот на парламентарната група на ГСДП во Бундестагот, Томас Оперман, изјави дека Шулц веќе е предложен за партиски лидер и дека тој ќе биде партискиот кандидат за канцелар, пренесе ТАСС.
Ново на Сител
-
Почнува контрола на сите ноќни клубови
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Градоначалникот на Кочани си даде оставка
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент