Зимница и органски производи на „Агрофуд 2015“
Македонска зимница и органски производи исклучиво од македонски производители ќе бидат во фокусот на „Агрофуд 2015“ што ќе се одржи од 1 од 4-ти октомври на Скопски саем.
Како што соопштија организаторите, ќе има и богата понуда на традиционални производи од ДИЕМ-ГП, Випро, Бонум, Best Food, Млекара Ѓорѓиев, Ука Комерц, Суна Минерална вода,...
- На годинашниот Меѓународен саем за широка потрошувачка новитет се органските производи: оригано, медицински билки, аронија,..., како и други органски растенија и билки одгледани по најстрогите законски стандарди, изјави проект-манаџерот на Скопски саем Магдалена Хамбова.
На изложбено-продажните штандови, освен храна, пијалаци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.
Влезот на „Агрофуд 2015“ ќе биде бесплатен.
Ново на Сител
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"