-->
-->
Зимска бура се движи кон Вашингтон, најмалку пет загинати на Средниот запад
-->

Зимска бура со силен снег на американскиот Среден запад, поради која најмалку пет луѓе загинаа, се движи источно кон Вашингтон.
Се очекува бурата да погоди појас од 2.900 км од Колорадо до Средниот запад. Бурата го погоди Канзас и Мисури во петокот и повторно вчера, и се прошири на делови од Илиноис, Индијана и Охајо.
Најмалку пет луѓе ги загубија животите во сообраќајни несреќи поради лошите временски услови на автопатишта во Мисури и Канзас. Полицијката соопшти дека „во овој момент состојбата на сите патишта во Канзас е лоша“.
Десетици летови од меѓународниот аеродром во Сент Луис беа откажани. Снег за денеска најавуваат метеоролозите за подрачјето од Њујорк преку Вашингтон до Вирџија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
