Златан: Му кажав на раководството сè, ова не е „голем Милан“
Златан Ибрахимовиќ, фудбалер на Милан, потврди дека влегол во конфликт со првиот човек на тој клуб, Иван Газидис.
Швеѓанецот изјави дека публиката нема да го види во дресот на „росонерите“ следната сезона, „доколку оваа ситуација остане“.
Ибра исто така истакна дека тој „практично игра бесплатно“ –
– Играм за да освојам нешто или ќе останам дома. Ми рекоа дека збогувањето во Америка би било многу лесно, затоа се вратив во Милано. Јас сум тука заради мојата страст кон фудбалот и кога сето ова се случуваше со вирусот, се чинеше како нешто да ми кажува дека треба да заминам во пензија, рече Ибрахимовиќ.
Сепак, сезоната продолжува, а Ибра е во одлична форма, и покрај неодамнешната повреда.
Ибрахимовиќ додаде дека ќе отиде некаде каде ќе има одредена контрола, како и дека повеќе не верува во зборови.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска