Злоупотребени 960 хектари државно земјоделско земјиште во Штипско-карбинскиот регион

Државниот инспекторат за земјоделство констатирал злоупотреба на државно земјоделско земјиште на површина од околу 960 хектари во Штипско-карбинскиот регион.
Директорот на Инспекторатот Цветан Трифуновски денеска на прес-конференција соопшти дека при извршените контроли направени во периодот јули - август откриени се злоупотреби кај три правни субјекти.
Во еден случај утврден е прекршок предвиден со Законот за земјоделството и руралниот развој за што е започната постапка за одредување на висината на глобата, а кај друго правно лице се утврдени прекршоци од повеќе закони и констатирано е противправно користење на површина од 596 хектари државно земјоделско земјиште.
Кај третото правно лице утврдени се прекршоци од Законот за земјоделско земјиште за што е доставен предлог до Министерството за земјоделство за раскинување на договорот за долгорочен закуп, а дополнително се утврдува и евентуална злоупотреба на користење земјоделски субвенции.
Дополнително откриени се и насади со пченица на површина од 70 хектари без договор за закуп по што од страна на Државниот инспекторат за земјоделство е ангажирана механизација и ожнеаниот род во вкупна количина од 296 тони пченица е одземен.
- За оваа констатација на ДИЗ за противзаконска обработка на земјоделско земјиште во државна сопственост е известено МЗШВ кое во иднина во транспарентна постапка на оглас ќе биде доделено на вистинските земјоделци, рече Трифуновски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
