ЗНМ го осуди нападот на новинарот на Телма

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди физичкиот напад врз новинарот на телевизија „Телма“ Павле Беловски, кој беше нападнат вчеравечер пред Министерството за внатрешни работи.
- Нападот на новинарот Беловски е смислен атак врз слободата на медиумите оркестриран од одредени структури на МВР, кои сакаат да ги одвратат новинарите да известуваат за нивните опструкции на истрагата на СЈО, се вели во соопштението од ЗНМ.
Здружението на новинари на Македонија го поздравува брзото приведување на насилникот и бара од МВР случајот да се расветли до крај и да поднесе кривични пријави против насилникот и, како што наведува, неговите инспиратори.
- Го потсетуваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека помина една година откако даде јавно ветување дека ќе работи на расветлување на сите напади против новинари. ЗНМ досега има регистрирано 35 напади против новинари. Ниеден од нив не е расветлен, ниту пак некој од насилниците е казнет, наведува ЗНМ во соопштението.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
